ПУЛСЕН ОКСИМЕТАР - PULSEN OKSIMETAR
Пулс оксиметар за на прст е портабилен, медициски уред за мерење на кислородна сатурација на крвта, и пулсот користејќи го прстот. Уредот работи и ја определува заситеноста на крвта со кислород, со помош на инфрацрвени зраци. Неговото користење е апсолутно безбедно и безболно.
Кислородната сатурација овозможува проценка на ефикасноста на транспортот на кислород, во прв ред преку дишењето. Таа е важен параметар во проценката на респираторната функција.
Спецификасии на оксиметарот:
- Автоматско исклучување за 5секунди кога прстот не е поставен на мерачот
- Работи на 2 ААА батерии.
- Избегнувајте изложување на директна сончева светлина
- Бидете внимателни во текот на мерењето,апаратот треба да биде во мирување
- Материјал: Пластика
- Димензија: 60mm x 35mm x 37mm.
Пулс оксиметар е наменет исклучиво за дополнителна контрола на состојбата на пациентот. Тој треба да се користи во комбинација со други методи за клиничко испитување и анализа на симптомите.
Заситеноста со кислород (SpO2) е мерење на тоа колку кислород носи вашата крв како процент од максимумот што може да го носи. За здрава индивидуа, нормалниот SpO2 треба да биде помеѓу 95% до 99%.
Како да го користите пулс оксиметарот?
Пулсната оксиметрија може да се користи и во домашни и во амбулантски услови. Во некои случаи, вашиот лекар може да препорача да имате пулсен оксиметар за домашна употреба.
Мерењето се одвива на прстот со употреба на фотометричен сензор вграден во штипката за прст.
PULSEN OKSIMETAR