MATCHA - МАЧА СО ФКУС НА КАЈСИЈА - SO FKUS NA KAJSIJA
Совршена хармонија меѓу здравје, вкус и природна енергија
Matcha со вкус на кајсија од BioFarm претставува иновативна комбинација на традиционалниот јапонски мача прав и освежувачкиот, благ вкус на природна кајсија.
Овој уникатен пијалок е создаден за сите кои сакаат да го искусат вистинското дејство на суперхраната Мача, но со овошна нота што ја буди енергијата, го освежува телото и му дава нова виталност на секојдневието.
Што е Мача?
Мачата е прав од фино мелени листови зелен чај, добиен од растението Camellia sinensis, кое се одгледува под сенка за да се поттикне природното создавање на хлорофил и аминокиселини.
Потеклото на овој чај датира од Кина, но својата вистинска совршеност ја достигнува во Јапонија, каде што со векови претставува дел од духовните и здравствените традиции.
Со внимателен процес на обработка и сушење, листовите задржуваат висока концентрација на антиоксиданси, витамини, минерали и природни ензими, што ја прави Мачата еден од најмоќните природни еликсири за телесна и ментална рамнотежа.
Зошто да ја изберете MATCHA со вкус на кајсија од BioFarm?
Комбинирајќи ја чистата моќ на зелената мача и природната свежина на кајсијата, овој пијалок нуди:
Поддршка во согорувањето на мастите
Го забрзува метаболизмот и помага телото природно да ги користи маснотиите како извор на енергија.Детоксикација на организмот
Благодарение на високата содржина на хлорофил, Мачата овозможува прочистување од токсини, тешки метали и насобрани нечистотии во клетките.Зголемена енергија и концентрација
Природниот кофеин и L-теанинот создаваат баланс помеѓу будност и смиреност, овозможувајќи фокус без нервоза или нагли падови на енергијата.Подобрен имунитет и виталност
Витамините А, Ц, Е и железото во Мачата го поддржуваат имунолошкиот систем и ја подобруваат отпорноста на телото.Природен антиоксидант со подмладувачко дејство
Мачата има до пет пати повеќе антиоксиданси од која било друга природна храна, што помага во борбата против стареење и оштетување на клетките.Вкусна и лесна за консумирање
Природниот вкус на кајсија додава свежина и овошна арома, правејќи го пијалокот пријатен за секојдневна употреба.
Дополнителни здравствени придобивки
Го стабилизира шеќерот во крвта и помага кај лица со неправилен метаболизам;
Го регулира крвниот притисок и ја подобрува циркулацијата;
Го намалува стресот и го подобрува расположението преку природна стимулација на допамин и серотонин;
Ја поддржува работата на дигестивниот систем и го олеснува варењето;
Ја зајакнува еластичноста на кожата и ја одржува нејзината свежина и сјај.
Начин на употреба
Припрема како чај:
- Во шолја ставете една кесичка Matcha со вкус на кајсија, прелијте со 250 ml топла вода и оставете да отстои 2–3 минути.
- Промешајте и уживајте во благата арома и природната енергија на пијалокот.
Припрема како ладен напиток:
- За освежителен ефект, прелијте ја кесичката со ладна вода, додадете коцки мраз и неколку парчиња свежа кајсија или лимон.
Дозирање:
- Препорачана доза е 1–2 чаши дневно, најчесто наутро за енергизирање и навечер за релаксација и прочистување.
Состав и квалитет
Фино мелени листови зелен чај (Matcha)
Природен аромат на кајсија
Витамин Ц и природни антиоксиданси
Без вештачки бои, ароми и конзерванси.
100% природен производ.
BioFarm – Natural Vitality
Водечки бренд за природни суплементи и здравствена поддршка во Македонија 🌐 www.BioFarm.mk
MATCHA ČAJ SO FKUS NA KAJSIJA - Neto: 20 kesicki



