ЧАЈ ПРОТИВ БРОНХИЈАЛНА АСТМА - ČAJ PROTIV BRONHIJALNA ASTMA
Намена:
Природна поддршка при:
Бронхијална астма (алергиска и неалергиска форма)
Отежнато дишење и стегање во градите
Иритирачка и сува кашлица
Воспалени бронхии и респираторни алергии
Дејство:
Чајната смеса против бронхијална астма содржи внимателно одбрани билки со смирувачко, муколитично и антисептично дејство. Активните состојки поволно влијаат на воспалената и надразнета слузница на дишните патишта, ја олеснуваат експекторацијата (искашлувањето), го намалуваат чувството на гушење и ја смируваат иритирачката кашлица.
Погоден е за хронична астма, сезонски алергии и како поддршка при бронхитис.
Состав:
Корен од оман (Inula helenium) – природен експекторанс, помага при искашлување
Корен од бел слез (Althaea officinalis) – обложува и ја штити слузокожата, смирува кашлица
Подбел (Tussilago farfara) – антиинфламаторно и спазмолитично дејство
Мајчина душица (Thymus serpyllum) – природен антисептик, бронходилататор
Липа (Tilia cordata) – смирувачко дејство, го олеснува дишењето
Камилица (Matricaria chamomilla) – делува против воспаление, ублажува искашлување
Подготовка и употреба:
Земете една супена лажица од чајната смеса
Прелијте со 200 ml зовриена вода
Варете 5 минути, потоа поклопете
Оставете да отстои 1 час
Процедете и, по желба, засладете со мед
Пијте по една шолја чај три пати на ден, пред оброк
Важно:
За лица кои користат редовна терапија против астма, се препорачува консултација со лекар или фармацевт.
Не се препорачува за бремени жени и доилки без лекарски надзор.
Начин на чување:
Чувајте го на собна температура,
Во суво и темно место,
Недостапно за деца
BioFarm – Natural Vitality
Водечки бренд за природни суплементи и здравствена поддршка во Македонија 🌐 www.BioFarm.mk
ČAJ PROTIV BRONHIJALNA ASTMA - Neto: 100gr



