Услови на употреба
Добрејдовте на BioFarm.mk сајтот (дефиниран подолу). Со негово користење Вие се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се.
ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА
BioFarm.mk, го поседува и менаџира сајтот BioFarm.mk (“BioFarm.mk”, “ние”, “наше” или “нас”) и неговите мобилни апликации и верзии. Со употреба на овој сајт и неговите услуги Вие (“Вие” или “крајниот корисник”) се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на следниот линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да сте во тек доколку истите претрпат измени. Политиката за заштита на лични податоци заедно со овие Услови на употреба, збирно се нарекуваат Услови на употреба.
АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ САЈТОТ И НЕ ГИ КОРИСТЕТЕ УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ BioFarm.mk, НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НИТУ ЕДНА ПРОГРАМА, НЕ ВРШЕТЕ КУПУВАЊА НА КУПОНИ ЗА ПРОИЗВОДИ ИЛИ УСЛУГИ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ САЈТОТ.
Условите на употреба се организирани на следниот начин:
За веб сајтот
Сопственост на веб сајтот
Употребување на сајтот
Пристап до сајтот
Измена на Условите на користење
Опрема за употреба на сајтот
Кодекс на однесување на крајниот корисник
Вашата приватност
Услови на купување
Специјални програми
Авторски права и трговска марка
Корисничка содржина
Непосакувани идеи
Политика на авторско право
Општи услови за гаранција
Ограничување на одговорноста
Електронска комуникација
Содржина на трети лица
Надоместок на штети/ослободување
Виша сила
Целосен договор
Применлив закон и надлежен суд
За веб сајтот
BioFarm.mk овозможува интерактивна онлајн услуга преку веб-страната на домеинот BioFarm.mk, со кој дејствува фирмата BioFarm.mk. Преку сајтот “BioFarm.mk” одредени компании (“Продавачи”) продаваат ваучери за услуги, производи или патувања. Продавачите се продавачи и издавачи на BioFarm.mk ваучерите. Единствено продавачот е одговорен пред вас за квалитетот на услугите и производите кои ги нуди и продава. Сите понуди и цени на сајтот може да се променат во било кое време, без претходно известување. Сите цени се со вклучен ДДВ.
Сопственост на веб сајтот
Сајтот, целата содржина на сајтот и инфраструктурата која се користи за да го направи сајтот достапен се наша сопственост, на продавачите и на други даватели на услуги. Со користење на овој сајт крајниот корисник и согласување со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст (a) BioFarm.mk ви овозможува лимитирана, лична, непреносилива, не-ексклузивна лиценца за да го користите сајтот во согласност со овие Услови на употреба и со сите дополнителни политики и правила поставени од BioFarm.mk; и (б) се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате било која содржина, софтвер или производи или услуги добиени преку сајтот без претходно одобрување од BioFarm.mk.
Употребување на сајтот
Како предуслов на сајтот, Вие се согласувате дека:
Имате најмалку 18 години
Сте во можност да направите правна обврска
Не ви е законски забрането да користите одредени услуги или производи
Нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации
Вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба
Ќе правите легитимни купувања кои се во согласност со условите дадени во секоја понуда
Ќе вршите купувања само за Ваша лична употреба или за подароци на пријатели
Ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци
Ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време
Ќе купувате само од понудите на Продавачите преку сајтот со креирање на профил на сајтот и било кое купување ќе биде предмет на Условите за купување, образложени подолу во овие Услови за употреба
Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување
Пристап до сајтот
BioFarm.mk го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на BioFarm.mk, и BioFarm.mk не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на BioFarm.mk е да биде достапна 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на BioFarm.mk, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
BioFarm.mk има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.
Измена на Условите на користење
BioFarm.mk го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако BioFarm.mk прави било какви суштински промени, ние ќе ве известиме со испраќање на e-mail, на e-mail адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-сајтот. Било какви промени на овие Услови на користење ќе стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-mail до Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот сајт. Овие промени нема да важат за ваучери купени пред да стапи на сила датумот на ваквите промени. Ако не се сложувате со промените можете да го избришете Вашиот профил без било каков надоместок и да не ги користите во иднина услугите на сајтот по промената на условите. Овие промени ќе бидат важечки за новите корисници на нашиот сајт и за сите ваучери купени од страна на таквите нови корисници. Затоа Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на Употреба и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете информирани за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.
Опрема за употреба на сајтот
Крајниот корисник е одговорен за снабдување и одржување со телефонска опрема, компјутерски хардвер и друга опрема потребна за пристап и користење на овој сајт и сите трошоци поврзани со тоа. BioFarm.mk не е одговорна за било каква штета на опремата на крајниот корисник како резултат од користењето на овој сајт.
Кодекс на однесување на крајниот корисник
Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од сајтот, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на сајтот.
Следните активности се забранети на сајтот и означуваат кршење и непочитување на Условите на Употреба:
Поставување било каква содржина на сајтот која:
– Ги крши применливите закони (вклучувајќи, но не ограничено на: закони за интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета);
Содржи лични податоци, освен ако ние јасно не побараме од вас такви информации;
Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштети;
Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци;
Има ефект на наметнување на другите;
Содржи пораки од неовластени лица од BioFarm.mk, кои наводно зборуваат во име на BioFarm.mk или даваат доверливи информации поврзани со BioFarm.mk;
Намерно е несоодветна, претставува измама, или фалсификува податоци; или
Е заштитена со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречита согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост
Обидот да се направи или всушност да се направи било што од од следното:
– Пристапување до податоци кои не се наменети за вас, како и логирање на сервер или профил која не се овластени за пристап;
Скенирање или следење на сајтот со цел собирање на податоци, во обид да се прати продажбата, користењето, агрегирани информации за понудите, информации за цените или слични податоци;
Скенирање или тестирање на безбедноста или конфигурацијата на сајтот или да се прекрши безбедноста или мерките за автентикација; или
Мешање во употребата на сајтот на било кој корисник на било кој начин, вклучувајќи, без ограничување, по пат на поднесување на вирус на сајтот обид да се направи преоптоварување со “спам”, или да се напраив прекин на сајтот.
Употреба на било кое од следното:
– Рамки (анг. frames), техники на рамки (наг. framing techniques) или технологија на рамки (анг. framing technology) да се прикаже или открие било која содржина од сајтот без наша писмена дозвола;
Било која содржина од сајтот, вклучувајќи без ограничување Кориснички содржини (дефинирано подолу), во било кои мета таговите или било кој друг “скриен текст” техники и технологии без наша писмена дозвола;
Сајтот или било која негова содржина за да се рекламира или дистрибуира, за комерцијални, политички или верски цели или да се натпреваруваат, директно или индиректно, или
Сајтот или било кој од неговите ресурси за да придобие корисници, трговци или други трети страни да станат корисници или партнери на други онлајн или офлајн услуги директно или индиректно конкурентни или потенцијално конкурентни со BioFarm.mk, вклучувајќи, без ограничување, собирање тековни или претходно понудени понуди.
Собирање на било кои од следните наведени работи:
– Содржина од сајтот, вклучувајќи, но не и ограничена на тековните или претходните понудени промотивни понуди на сајтот и потоа прикажување на корисниците на таква содржина на било кој начин со цел да се пренасочат корисниците од сајтот кој друг трета страна, без наша писмена дозвола;
Лични податоци (дефинирани во Политиката за заштита на лични податоци), Корисничка содржина (дефинирана во точка 13 подолу) или содржина од било кој корисник или Продавач.
Вклучување во било која од следните активности:
Упаѓање или попречување на правилното функционирање на кој било дел, страница или област на сајтот или на било кои функции или услуги обезбедени од страна на BioFarm.mk;
Преземање било каква акција што создава прекумерна побарувачка за нашите услуги или наложува, или може да наметне, неразумно или несразмерно големи оптоварувања на нашите сервери или други делови од нашата инфраструктура;
Препродавање на било кои купувања направени преку сајтот;
Надминување или обидување да се надмине горната граница на одобрена количина на ваучери кога се врши купување на понудите, или на друг начин користење на било кој BioFarm.mk профил за да се купат ваучери за препродажба или за шпекулативни, лажни, измамнички или било кои други цели кои се изречно забранети во овие Услови на употреба и условите на конкретната понуда на сајтот;
Пристапување, следење или копирање на било која содржина од сајтот, користење на било кој “робот”, “пајак”, или други автоматски средства или било кој рачен процес за било каква цел, без нашa писмена дозвола;
Агрегирање и прикажување на било кои актуелни или претходни понуди или содржина или други информации од сајтот (без разлика дали користите линкови или други технички средства или физички записи поврзани со купувања направени преку сајтот), со материјали од други сајтови без наша писмена дозвола;
Длабоко поврзување со кој било дел од сајтот (вклучувајќи, без ограничување, патеката за купување за секој ваучер) без наша писмена дозвола;
Поврзување до сајтот од било кој друг веб-сајт без наша почетна и тековна согласност; или
Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите или угледот на BioFarm.mk, нашите продавачи или нашите услуги.
Вашата приватност
Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме внимателно да ја прегледате Политиката за заштита на лични податоци за да се информирате за важни правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци. Нашата политика за заштита на приватност е содржана во овие Услови на употреба, а истата може да ја пристапите тука.
Услови на купување
Со купување или добивање на било која понуда на сајтот обезбедена од било кој Продавач, Вие се согласувате со овие Услови на употреба, вклучувајќи ги и Условите на купување, достапни тука.
Специјални програми
Со учествувањето во било која програма, маркетинг промоција, игра или друга активност организирана од BioFarm.mk Вие се согласувате со овие Услови на употреба.
Авторски права и трговска марка
Сајтот содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на овој сајт (“BioFarm.mk”) е во ексклузивна сопственост на BioFarm.mk. BioFarm.mk има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и во содржината која оригинално ја поседува. BioFarm.mk има авторско право над фотографиите кои се во негова сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на понудите од фотографер на BioFarm.mk.
СЕКОЕ КОПИРАЊЕ,ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, МОДИФИЦИРАЊЕ, УЧЕСТВУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБА, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВОЈ САЈТ ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ, ИЛИ НА БИЛО КОЈ ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД МЕДИКАПРО ДООЕЛ Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО.
Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и/или кривични казни.
Крајниот корисник не смее да прикачува, поставува или на друг начин става на располагање, на овој сајт, било каков материјал кој е заштитен со авторски права, трговска марка или друго сопственичко право, без претходна дозвола од сопственикот на авторските права, трговската марка или другото сопственичко право. BioFarm.mk не сноси товар или одговорност, за да му даде на крајниот корисник индикации за да тој да научи дали одреден материјал е заштитен со авторски права или трговска марка. Крајниот корисник е единствено одговорен за било каква штета настаната од секое прекршување на авторски права, трговски марки, сопственички права или кои било други штети што произлегуваат од таквиот поднесок. Со поставувањето на материјал на било која јавна површина на овој сајт, крајниот корисник гарантира дека сопственикот на тој материјал експлицитно му дал не-ексклузивно право и дозвола за употреба, репродукција, прилагодување, право за објавување, превод и дистрибуција на таквиот материјал на BioFarm.mk. Крајниот корисник, исто така, дозволува пристап до тој материјал од било кој друг краен корисник, репродукција и чување од страна на тој корисник за лична употреба. Крајниот корисник тука се согласува дека дава право на било кој друг краен корисник да го копира, модифицира, одјавува и дистрибуира било кој материјал поставен на овој сајт од страна на крајниот корисник.
BioFarm.mk е заштитена трговска марка на BioFarm.mk. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на BioFarm.mk се сопственост на нивните соодветни сопственици.
Непосакувани идеи
Ние не ги прифаќаме или земаме во предвид било кои непосакувани идеи пренесени директно или преку било кој вработен во BioFarm.mk, вклучувајќи, без ограничување, идеи или предлози кои се однесуваат на нови производи или подобрување на постоечките, на имиња или технологии, на рекламирање и маркетинг кампањи, планови или други промоции. Не ни испраќајте нас, или на било кој од нашите вработени, несакани идеи, предлози, материјал, слики или други работи во било која форма (“Небарани Материјали”). Ако ни испратите несакани материјали, разбирате и се согласувате дека следниве услови ќе се применуваат, без оглед на испратено мотивационо писмо или други материјали кои сте ги испратиле:
BioFarm.mk нема обврска да ги разгледа било кои несакани материјали, ниту пак да ги чува доверливи; и
BioFarm.mk ги поседува, и може да ги користи и редистрибуира несаканите испратени материјали за било каква цел без претходно информирање на испраќачот и без негово знаење
Политика на авторско право
BioFarm.mk го задржува правото да го раскине договорот со било кој краен корисник, кој постојано ги крши авторските права на трети лица, врз основа на претходно навремено известување до BioFarm.mk од страна на сопственикот на авторските права или правни агенти на авторските права на сопственикот. Без ограничување на горенаведеното, ако сметате дека заштитен материјал бил копиран или објавен на овој сајт на начин на кој ги прекршува правата на сопственост, би требало да ја известите BioFarm.mk, со испраќање на следните информации: а) електронски или физички потпис на лицето овластено да дејствува во име на сопственикот на авторските права; (б) идентификација и локација на веб-сајтот кој ја содржи заштитената содржина, која вие тврдите дека е злоупотребена; (в) писмена изјава од вас дека имате добра волја и верување дека користењето на материјалот не е одобрено од страна на сопственикот, неговиот агент, или законот; (г) вашето име и контакт информации, како телефонски број или e-mail адреса и (д) изјава од вас дека горенаведените информации кои сте ги дале во Вашиот коментар се прецизни и точни, и тврдење дека сте сопственикот на авторските права или овластени да дејствувате во име на сопственикот на авторските права
Општи услови за гаранција
КРАЈНИОТ КОРИСНИК ЕКСПЛИЦИТНО СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВОЈ САЈТ Е ПОД НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ. НИТУ BioFarm.mk, НЕЈЗИНИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, НИТУ НЕЈЗИНИТЕ ВРАБОТЕНИ, АГЕНТИ, ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ, СОРАБОТНИЦИ, ПРОВАЈДЕРИТЕ НА СОДРЖИНА ИЛИ ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА ИЛИ НЕКОЈ ОД НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ, НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА САЈТОТ ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО, БЕЗГРЕШНО, БЕЗ ВИРУСИ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ; НИТУ ПАК ГАРАНТИРААТ ЗА (А) РЕЗУЛТАТИТЕ, КОИ МОЖАТ ДА СЕ ДОБИЈАТ ОД УПОТРЕБА НА ОВОЈ САЈТ, ИЛИ БИЛО КОЈА МИКРОСТРАНА, ИЛИ ЗА (Б) ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ ЦЕЛОСНОСТА НА (1) СОДРЖИНАТА НА СТРАНАТА, ВКЛУЧИТЕЛНО, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, УСЛУГИТЕ И ПРОИЗВОДИТЕ КОИ СЕ НУДАТ; (2) ОПИСОТ НА ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ; ИЛИ (3) КОРИСНИЧКА СОДРЖИНА ДАДЕНА ПРЕКУ САЈТОТ.
ОВОЈ САЈТ И ЦЕЛАТА НЕГОВА СОДРЖИНА, КОРИСНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ, ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДИТЕ И ПРОДАВАЧИТЕ СЕ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА БАЗА “КАКО ШТО СЕ” И “КОГА СЕ ДОСТАПНИ”. ДО СТЕПЕН ДО КОЈ ДОЗВОЛУВА ПРИМЕНЛИВИОТ ЗАКОН, MEDIKAPRO СЕ ОГРАДУВА ОД БИЛО КАКВА ОДГОВОРНОСТ И УСЛОВИ, ИЗРАЗЕНИ ИЛИ НАЛОЖЕНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ И ОГРАНИЧЕНИ НА, ОНИЕ КОЈ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРЕКРШОЦИ, ТРГУВАЊЕ ИЛИ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА.
Ограничување на одговорноста
ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ BioFarm.mk, НЕЈЗИНИТЕ СОРАБОТИЦНИ И НЕЈЗИНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ ИЛИ ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ И ПРОВАЈДЕРИ НА СОДРЖИНА НЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КОИ ПОСРЕДНИ, СЛУЧАЈНИ, СПЕЦИЈАЛНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ИЛИ КАЗНЕНИ ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД, ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО (А) ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОТ, СОДРЖИНАТА, КОРИСНИЧКАТА СОДРЖИНА И ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ СОДРЖАНИ НА САЈТОТ, (Б) ВАШАТА НЕМОЖНОСТ ДА ГО КОРИСТИТЕ САЈТОТ, (В) ПРОМЕНА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА СОДРЖИНА ПОСТАВЕНА НА САЈТОТ, (Г) ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ, УСЛУГИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ ПОНУДЕНИ ПРЕКУ САЈТОТ, ИЛИ (Д) ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА. ВО БИЛО КОЈ СЛУЧАЈ ОДГОВОРНОСТА НА BioFarm.mk ВО ВРСКА СО BioFarm.mk ВАУЧЕР НЕМОЖЕ ДА ГИ НАДМИНЕ СРЕДСТВАТА ПЛАТЕНИ ЗА ТОЈ ВАУЧЕР. ВКУПНАТА АГРЕГИРАНА ОДГОВОРНОСТ КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД ИЛИ Е ПОВРЗАНА СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА НЕ МОЖЕ ДА ЈА НАДМИНЕ (1) СУМАТА ПЛАТЕНА ОД КРАЈНИОТ КОРИСНИК ВО ПЕРИОД ОД 6 МЕСЕЦИ, НАНАЗАД ОД ДЕНОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА ИЛИ (2) 10.000 ДЕН., СО ВАЖНОСТ НА СУМАТА КОЈА Е ПОМАЛА ОД НАВЕДЕНИТЕ ДВЕ. СЕ СОЛГАСУВАТЕ ДЕКА БИЛО КОЈА ПРИЧИНА ЗА АКЦИЈА КОЈА ПРОИЗЛЕГУВА ОД ИЛИ Е ПОВРЗАНА СО САЈТОТ МОРА ДА СЕ ОДНЕСУВА НА ПЕРИОД ОД 1 ГОДИНА ОД ДЕНОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА, А ВО СПРОТИВНО ПРИЧИНАТА СТАНУВА НЕОСНОВАНА КАКО РЕЗУЛТАТ НА ПОМИНАТ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД ОД 1 ГОДИНА.
Електронска комуникација
Кога го користите сајтот или испраќате електронски (е-маил) пораки до BioFarm.mk, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на сајтот. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на сајтот. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.
Содржина на трети лица
BioFarm.mk, слично како и секој Интернет сервис провајдер, е дистрибутер (а не издавач) на содржини, обезбедени од страна на трети лица и крајни корисници. Соодветно на тоа, BioFarm.mk нема уредувачка контрола врз таквите содржини како и секоја јавна библиотека или книжарница. Секое мислење, совет, извештај, услуга, понуда, или други информации или содржина изразени или ставени на располагање од страна на трети лица, вклучувајќи ги и информациите на услуги, или било која друга информација од крајните корисници се на соодветниот автор или дистрибутер, а не на BioFarm.mk.
Во многу случаи, содржината достапна преку овој сајт претставува мислења и расудувања на одредени лица кои ги дале информациите, на крајниот корисник, или на други корисници под договор со BioFarm.mk. BioFarm.mk ниту поддржува ниту е одговорена за исправноста и веродостојноста на било кое мислење, совет, или изјава на сајтот од било кој, освен од овластен BioFarm.mk вработен. Под никакви околности BioFarm.mk нема да биде одговорена за било каква загуба или оштетување на крајниот корисник предизвикано од негово потпирање врз информациите добиени преку BioFarm.mk. Одговорност на крајниот корисник е да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, мислење, совет, или друга содржина достапна преку BioFarm.mk.
BioFarm.mk содржи линкови до веб-сајтови на трети лица кои се одржуваат од други добавувачи на содржина. Овие линкови се ставени на располагање само како погодност за вас, а не како наша поддршка на содржината на овие трети лица, и BioFarm.mk изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни на трети лица. Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до некој веб сајт преку линк, тоа го прави на свој ризик. Освен ако BioFarm.mk експлицитно Ви дозволила да го сторите тоа, не смеете да ставате надворешни линкови на BioFarm.mk кои водат до други страни. BioFarm.mk го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој линк во секое време, без да ве извести.
Надоместок на штети/ослободување
Се согласувате да го браните и заштитите BioFarm.mk и неговите вработени лица, директори, агенти од сите обвинувања и трошоци, вклучително и адвокатски трошоци кои произлегуваат од или се поврзани со: (а) било кој ваучер од продавач кој сте го купиле од сајтот, (б) било која содржина поставена од Вас, поврзана со сајтот или било кое користење на сајтот кое ги прекршува овие Услови на употреба, (в) измама која сте ја направиле Вие или (г) прекршување на било кои Закони на РСМ или странски закони или права на трети лица.
Само Вие сте одговорни за интеракцијата со Продавачите или другите корисници на сајтот. До степен до кој применливиот закон дозволува, Вие тука се согласувате дека го ослободувате BioFarm.mk од било кои обвинувања кои се поврзани или произлегуваат од купени ваучери од Продавачи за услуги или производи, било која активност на Продавачот, вклучувајќи, но не и ограничено на било каква штета која може да ви е направена од страна на Продавачот.
Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата BioFarm.mk, неговите одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.