ЧАЈ ЗА БЕБИЊА И ДОИЛКИ - CAJ ZA BEBINJA I DOILKI
Природен билен чај за бебиња и доилки – BioFarm
Tрадиционална билна мешавина од внимателно избрани состојки која природно:ги ублажува грчевите и дигестивните тегоби кај бебињатаја стимулира лактацијата кај доилкитего смирува дигестивниот систем и го подобрува варењетого намалува плачењето кај доенчињата придонесува за подобар сон и помала раздразнетост.
Ги намалува грчевите
Го регулира варењето
Ја стимулира лактацијата кај доилките
Состав
Камилица – ги смирува стомачните грчеви и има благи седативни својства
Ким и анасон – го подобруваат варењето, ја намалуваат надуеноста и ги релаксираат мускулите
Морак (коморач) – традиционално се користи за ублажување на колики
Нане – го смирува дигестивниот тракт и ги ублажува гасовите
Кога се препорачува?
Чајот може да се користи:
уште од втората недела по раѓање
при појава на цревни грчеви, гасови и раздразнетост
како поддршка на лактацијата кај доилки
како блага природна помош за подобро варење
Употреба
За бебиња:
Пригответе благ чај (помалку концентриран од вообичаениот)
Оставете да се излади до млака температура
Дајте 1–2 лажици по потреба, со лажичка или капалка
За доилки:
1 лажица од мешавината прелијте со 200 ml зовриена вода
Оставете да отстои 10–15 минути
Консумирајте 2–3 пати дневно, по можност пред подој
Важно предупредување
Не се препорачува прекумерна употреба кај бебиња. Чајот за доенчиња секогаш треба да биде разреден и да се дава умерено.
За бебиња помали од 6 месеци, консултирајте се со педијатар пред употреба.
Начин на чување
Да се чува во оригиналното пакување, на суво и темно место, на температура до 25°C.
Да се чува вон дофат на деца
BioFarm – Natural Vitality Водечки бренд за природни суплементи и здравствена поддршка во Македонија - www.BioFarm.mk
CAJ ZA BEBINJA I DOILKI - Neto: 100gr

















