top of page
КОРЕН ОД ГЛУВАРЧЕ - KOREN OD GLUVARČE www.BioFarm.mk

КОРЕН ОД ГЛУВАРЧЕ - KOREN OD GLUVARČE

Чај од корен на глуварче стимулативно дејствува на желудникот, цревата, панкреасот и жолчката и предизвикува зголемено лачење на соковите на овие органи.

 

Коренот содржи тараксацин, тритерпенски соединенија, тараксол, тараксерол, танин, смоли, органски киселини, слуз, ситотерол, каратеноиди, флавоноиди, витамин Ц и инулин.

 

Коренот на глуварче има холагогно, аперитивно, дигестивно, диуретично и други дејства.

 

Се користи како средство за подобрување на апетитот, дигестијата, работа на жолчка , црниот дроб и панкреасот, ги чисти жолчката и црниот дроб од отрови и штетни материи, талози, песок и камчиња и овозможува проток на жолчните сокови низ црниот дроб и панкреасот. Докажано е дека има диуретични својства и се користи против заболувања на бубрезите, уретрите, бешиката.

 

Коренот има позитивно дејство и смирувачки делува на централниот нервен систем и се користи како средство за смирување, и може да се користи за намалување на шеќерот кај ДИЈАБЕТЕС, дијабетичари поради присуството на природниот анулин.

 

Употреба: Една супена лажица иситнет корен (неколку парчиња ако се покрупно сечени) се попаруваат со 500мл врена вода и се остава да отстои преку ноќ. Наутро се вари 5-7мин, се процедува и се пие во текот на денот на гладно три пати по 150 до 200мл. Може да се засладува со мед и лимун.

 

KOREN OD GLUVARČE

    ден190,00Price
    • Whatsapp
    • Facebook
    bottom of page