СПИРУЛИНА
Дали знаете што претставува ИМУНИТЕТОТ?
- За да бидете здрави пред се треба да знаете што е тоа имунитет и имунолошки систем. ИМУНОЛОШКИОТ СИСТЕМ е мрежа од клетки, ткива и органи кои делуваат заедно да го обранат телото од разни надворешни напади.
- Замислете дека вашиот ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ е една моќна, софистицирана и многу паметно организирана армија. Таа армија е составена од имуно - клетки наречени “КЛЕТКИ УБИЈЦИ“ како Т-клетки, Б-клетки, лимфоцити, микрофаги ,антитела… сите тие клетки претставуваат врвни специјализирани војници кои се создадени само за убивање на непријателот и за одбрана за организмот.
- Одредени ткива и органи како: тимусот, коскената срж, слезината, крајниците претставуваат командни центри каде се создаваат, тренираат и координираат “КЛЕТКИТЕ УБИЈЦИ“. Во зависност од тоа кој непријател напаѓа (вируси, бактерии, габи, токсини, патогени организми) имунолошкиот систем спрема различна „тактика“ за одбрана и напад за секој различен непријател.
- Имунолошкиот систем има меморија со која го памти непријателот, кога следниот пат ќе нападне некој вирус и бактерија организмот алармира и “КЛЕТКИТЕ УБИЈЦИ“ се мобилизираат и брзо и ефикасно го унишуваат непријателот.
Опис
Спирулината го храни, обновува и прочистува организмот, дава енергија и пред се на ИМПРЕСИВЕН НАЧИН ГО ЗАЈАКНУВА ИМУНИТЕТОТ.
ЧИТАЈ ВНИМАТЕЛНО: Откриј како спирулината може да ти го зајакне ИМУНИТЕТОТ и како може да те направи супер отпорен на болести, да бидеш полн со енергија и здрав како дрен!
ЗАКЛУЧОК: Имунолошкиот систем е твоја „приватна армија“ која те штити од болести и штетни надворешни влијанија. Силен имунитет значи дека одбрамбениот систем ти е силен и не може да се разболеш. Слаб имунитет значи дека имаме слаб одбранбен систем, дури и најобична бактерија може да те направи болен, а кога ќе се разболиш болеста трае подолго.
ФАКТ: Доколку не постои имунолошкиот систем може да умреме за 3 часа, доколку не нападне и најобична бактерија.
Зошто ослабнува имунитетот и кои се причините?
Лоша исхрана
- Процесирана храна која ја консумираме содржи се помалку здрави хранливи материи кои можат да го подобрат имунитетот и е полна со пестициди, конзерванси, емулгатори, хормони и разно штетни хемикалии кој значително го намалуваат имунитетот.
Загаден воздух и вода
- Воздухот кој го дишеме е загаден со отровни гасови и тешки метали. Водата која ја пиеме е полна со хлор и се прочистува со разни хемикалии кои влијаат врз имунитетот.
Антибиотици и лекови
- Прекумерното користење на антибиотици и разни лекови го намалуваат бројот на добри бактерии во организмот и го прават помалку отпорен.
Алкохол и Цигари
- Алкохолот ја намалува силата и ја успорува на работата на имуно-клетките. Цигарите содржат преку 5000 штетни хемикалии и состојки кои драстично го намалуваат имунитетот, па дури и кај пасивните пушачи.
Стрес
- Стресот многу негативно влијае врз имунитетот, Кога сме под стрес нашето тело лачи прекумерно кортизол хормон кој го намалува бројот на имуно-клетки
Недостаток од физичка активност
- Додека вежбаме протокот на крв се зголемува и забрзано се исфрлаат токсините од вашето тело. Со подобра циркулација на крвта подобро циркулираат имуно -клетките, анти-телата и белите крвни зрнца кои се важни за борба против инфекциите.
Како спирулина го зајакнува имунитетот?
- Спирулина го стимулира организмот да создава нови имуни-клетки и ја зголемува нивната активност.
- Бројни медицински студии покажуваат дека при употреба на спирулина се забрзува создавањето на нови-имуно клетки кои се борат против инфекции и други имуно-клетки кои кој го подобруваат имунолошкиот систем и ја подобруваат заштитата од разни вируси, хронични болести и рак.
Употреба: За возрасни над 11 години, земете 2 (две) капсули 3 (три) пати на ден.
Заштитете од светлина и влага. Се чува вон дофат на деца. Не надминувајте ја препорачаната дневна порција.
Предупредување: Консултирајте се со вашиот лекар за употреба за време на бременост и доење.