Меш инхалатор - Mesh Inhalator
Најновиот и пософистициран инхалатор, кој ги има карактеристиките на ултрасоничен атомизер и компресорски инхалатор и го дава истиот резултат како и болничките инхалатори.
Содржина на пакувањето:
- инхалатор (уред + резервоар) х1
- маска
- додаток за уста х 1
- УСБ адаптер х1
- упатство за употреба х1
Специјалната меш технологија, како и големината на честиците (≤5µм) овозможуваат целосно искористување на лекот, како и лесно продирање на лекот до белите дробови (алвеолите и бронхиите).
Тивкиот режим на работа ( <50dB), овозможува пријатна употреба секаде (дома, надвор, во канцеларија, патување....), особено при инхалирање на бебиња и мали деца додека спијат.
Може да се употребува при третман на сите респираторни заболувања: астма, алергии, бронхит, фарингитис и др.
Овој инхалатор е медицински уред и треба да се употребува согласно препораката од Вашиот доктор (вид на лек, дозирање...). Во зависност од видот на лекот, пареата може да биде различна.