ЧАЈ ПРОТИВ ВОЗНЕМИРЕН СТОМАК - ČAJ PROTIV VOZNEMIREN STOMAK
Чајот за вознемирен стомак помага при:
- Намалување на болки во стомакот
- Грчеви во стомакот
- Гадење (со или без повраќање)
- При вршење нужда
- При дијареа
- Го стимулира апетитот
ČAJ PROTIV VOZNEMIREN STOMAK - Neto: 100gr
Опис
Чајот против вознемирен стомак содржи лековити билки кои благотворно делуваат на поттикнување на апетитот и ублажување на надуеност, грчеви, болки и дигестивни проблеми предизвикани од нервоза и анксиозност. Поради своето карминативно дејство го олеснува исфрлањето на гасовите, а со своето антисептично и антиинфламаторно дејство делува благотворно на иритираната слузница на органите за варење.
Составот на смесата Чај против вознемирен стомак вклучува нане, ајдучка трева, камилица, равнец, мелиса,...
Употребата на ЧАЈ ЗА НЕРВЕН СТОМАК се препорачува заедно со билни капки Биогастритис и Гастоколон, во зависност од проблемот што го имате.
Како да го подготвите и употребите чајот:
- Прелијте во шолја врела вода (250 ml) со лажица чајна смеса Чај против вознемирен стомак. Покријте го садот и оставете го да отстои 15-30 мин. Процедете и пијте шолја топол чај 3 пати на ден.
Начин на складирање:
- Чувајте го производот во оригиналното пакување на собна температура (до 25°C), на суво и темно место. Се чува вон дофат на деца.