top of page
Writer's pictureBioFarm & Mediflora MK

ТЕМЈАН АРОМАТИЧНА СМОЛА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА


ТЕМЈАН-АРОМАТИЧНА СМОЛА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА ПРИ ОСТЕОАРТРИТИС, АСТМА, КОЛИТИС…


Темјан, тамјан (грчки: λιβάνι; латински: olibanum) е ароматична смола што се добива од дрвото од родот Boswellia, вид Boswellia sacra, Boswellia thurifera, Boswellia frereana. При палење темјанот развива посебно силен и необично пријатен мирис. Се користи за религиозни цели, во производство на парфеми, во ароматерапија, во традиционалната медицина. Активните состојки од оваа билка се монотрепени, дитерпени, сесквитерпени, јаглеводороди и босвелинска киселина. Се смета дека токму босвелинската киселина, од билката темјан се одликува со против-воспалителни и аналгетски својства. Влијанието на темјанот се покажало како делотворно и кај тумори на мозокот и неколку видови на карцином! Во ароматерапијата, темјанот се користи за ублажување и лечење на депресијата, хистериите, стресот и напнатоста.


Употребата на Темјан ги олеснува состојбите со следниве заболувања:

  • Остеоартритис

Според повеќе истражувања екстрактот од темјанот може да ги намали болките во зглобовите и до 65%. Мешањето на овој екстракт со екстрактите од други билки може дополнително да помогне. Се смета дека ова е резултат на антивоспалителните карактеристики на темјанот кои претходно ги опишавме. Ефекетот е позитивен и кај ревматоидниот артртис.

  • Улцеративен колитис

Утврдено е значително позитивно дејство на темјанот во подобрувањето на оваа дијагноза кај одредени пациенти. Тој покажал дејство слично на некои медикаменти за оваа дијагноза. Исто така, темјанот може да помогне и во процесот на опоравување, по операциите.

  • Астма

Имајќи предвид дека астмата е инфламаторно иницирано заболување на респираторните патишта, научниците го истражуваат интензивно дејството на темјанот кој се смета за добар антивоспалителен агенс. Почетните истражувања покажуваат подобрено дишење и намалување на другите типични симптоми кај астма кај одредени пациенти.


Уште еден обичај на жителите во Индија е џвакањето на темјан за подобро здравје на забите и усната празнина. Поради своите антимикробни својства, се верува дека темјанот ги спречува инфекциите.


Генерално се препорачува околу 300-400mg дневно од суплементите на база на темјан, за да се обезбеди доволно количество на босвелична киселина. Американската фондација за артритис ја препорачува оваа количина за продукти кои содржат 60% босвелична киселина.


Кај нас имате можност да нарачате масло од темјан и темјан во зрно по супер цена, кликни на сликата за повеќе инфо.




589 views0 comments

Comments


bottom of page