top of page
Search

ОВАА БИЛКА ЛЕКУВА МНОГУ БОЛЕСТИ НО ГО ПОТТИКНУВА И СЛАБЕЕЊЕТО


Во природата се крие лек за секој проблем. Доколку ве мачат цисти и миоми, оваа билка е најдобра. Билкарите тврдат дека 30% од гинеколошките операции може да се одбегнат со употреба на овој чај.


За билката Вркута или Вирак не случајно се вели дека е најдобриот пријател на жените. Исклучително е лековита и помага кај воспаленија, неплодност и крвавење.

Името Alchemilla потекнува од арапскиот збор “alkemelych” (алхемичар), а билката го добила од старите писатели поради своите големи исцелителни моќи.

Старите народи верувале дека оваа билка е најлековита доколку се набере навечер кога Месечината е во последната четвртина. Позната е како вирак, ситна росница и вирак.


Ги лекува следниве болести

- полицистични јајници - воспаление на јајници - вагинални инфекции предицикани од ХПВ - разни бактериски инфекции - зголемен секрет (“бело прање”) - нередовен менструален циклус - хормонални пореметувања - ублажување на тегоби од менопауза и ПМС - менструални болки - проблем со зачнување - присуство од ризик за спонтан абортус - рани на грлото од матката - рак на дојка - дијареа - упорна кашлица - воспаление на ждрелото - помага за слабеење - исфрла вишок течности од телото


Виракот содржи флавоноиди, органски киселини, танини, фитостерини, салицилна киселина, етерично масло и вистинско богатство од витамин Ц. Поради танините има горчлив вкус, но исто така и моќно антивоспалително и антибактериско дејство.

Еден од потешките проблеми кои ги мачат жените е неможноста да забременат. Виракот е најдобриот билковен избор за лекување на неплодност кај жени. Делува како одличен регулатор на хормоните, поттикнува раст на прогестеронот и доведува до поуредна менструација.


Исто така, ефикасно ги топи вишокот килограми и помага кај полицистични јајници. Може да помогне кај слаба матка и да ја заштити трудницата од спонтан абортус. Според билкарите, секоја жена која тукушто се породила треба да пие чај од Вирак 8 до 10 дена после пораѓајот. Се препорачува и кај повреди после пораѓај, како и кај спуштен стомак.


Ги уништува бактериите и вирусите

Најновите научни истражувања покажуваат дека Виракот спречува раст на многу видови бактерии, вклучително и на стафилококата – бактерија која веќе е отпорна на многу антибиотици. Се смета дека оваа билка има и моќни антивирални својства.


Лековит чај од вирак

Прелијте една лажичка вирак во 250 мл зовриена вода, па оставете 5-10 минути поклопено. Потоа процедете и пијте во голтки. Препорачана доза се две шолји чај на ден.


Овој чај е лековит, но потребна е упорност. Најдобро е да се пие и до 4 месеци во континуитет за да исчезнат проблемите.


Напомена: После 4 месеци употреба се препорачува пауза од минимум 2 месеци. Исто така, лицата кои имаат проблем со желудник, црн дроб или жолчна кеса, би требало да го пијат овој чај во помали доза или под контрола на лекар.





 
 
 

Comments


© BioFarm 2025. All rights reserved.

bottom of page