Намаленото либидо и еректилната дисфункција се едни од најчестите симптоми на ниско ниво на тестостерон. Што треба да знаете за оваа појава и може ли да се спречи?
Тестостеронот е главниот полов хормон кај мажите кој контролира важни процеси во телото. Сепак, кај некои мажи се намалува лачењето на тестостерон, што може да предизвика разни симптоми.
Што е тестостерон и која е неговата функција?
Тестостеронот е главниот полов хормон кај мажите и е клучен за развојот на машкото тело. Се лачи во тестисите по „наредба“ од сигналите што ги праќа хипофизата, која е сместена во мозокот.
Тестостеронот има влијание врз неколку важни процеси во телото вклучувајќи:
Развој на машките полови органи
Продлабочување на гласот за време на пубертет
Растење на влакната на лицето и половите органи за време на пубертет (подоцна во животот може да има улога и во ќелавењето)
Растење и зајакнување на мускулите
Растење и зајакнување на коските
Либидо
Производство на спрема
Тестостеронот може да има влијание и врз расположението, а се претпоставува дека има други функции кои досега не се откриени.
Иако е наречен машки хормон, и во женското тело се лачи тестостерон, и тоа од јајниците и од надбубрежната жлезда.
Кај жените, нивото на тестостерон е значително помало, а оптималната рамнотежа помеѓу тестостеронот, естрогенот и другите слични хормони е важна за правилна функција на јајниците.
Дел од најчестите симптоми кај возрасни мажи се:
Намалено либидо
Еректилна дисфункција
Паѓање на срамните влакна и влакната под пазувите
Намалување на тестисите
Неплодност
Депресија
Проблеми со концентрација и сеќавање
Зголемена тежина
Зголемено ткиво на градите
Намалување на мускулните сила и маса
Дел од најчестите симптоми кои се јавуваат кај машки деца пред и за време на пубертет се:
Забавено растење во висина
Забавен раст на срамни влакна
Забавен раст на полови органи
Помала физичка сила и издржливост од нормалата
На кои начини можеме самите да го поттикнеме телото да продуцира повеќе тестостерон?
Здрава исхрана
Бидете редовно физички активни
Научете да го контролирате стресот на долги патеки
Спијте доволно
Користете суплементи и некои природни подобрувачи на тестостеронот
Comments