top of page
Writer's pictureBioFarm & Mediflora MK

Карела- горчлива диња, ги лечи и најопасните канцери


Горката диња (Momordica charantia – карела) е од фамилија Cucurbitace и расте во тропските и суптропските подрачја на Средна и Јужна Америка, Африка и Азија. Се одгледува како храна и лек. Растението расте како лоза со долги расцепкани листови и жолти цветови и плодот изгледа како рапава тиква со издолжен облик и наликува на краставица. Младиот плод е зелен, а кога е зрел добива портокалово-жолта боја. Зрелиот плод пука на три дела и отпушта бројни црвени семки. Сите делови од растението се горки и погодни за консумација – лист, плод и семе. Незрелите плодови се многу добар извор на витамин Ц, калиум и фосфор. Во кулинарството карелата може да се подготвува како варена, печена и пржена. Сушените листови се користат за чај.

Климатски и почвени услови Според десетгодишните истражувања, карелата може да се одгледува во континенталниот и медитеранскиот дел на Хрватска. Најдобри приноси дава на хранливи и отцедни почви. За успешно одгледување на карелата е потребно 3-4 месеци без мраз.

Подготовка на почвата Основната обработка на почвата изведена наесен треба да биде до 40 см длабочина. Напролет треба да се затвори браздата, да се направи подготовка за формирање на гредици. Пожелно е наводнување капка по капка.

Ѓубрење Најсигурно, точно и рационално ѓубрење се одредува со почвена анализа. Во пролетната подготовка се ѓубри со 50 кг N, 100 кг P и 150 кг K за 1 хектар Italpollina ѓубрива. Секогаш треба да има на ум дека карелата бара ѓубрење согласно со ѓубрењето во производството на краставица. Ѓубрењето зависи од претходната култура и од резултатите од хемиската анализа на почвата. На лоши структурни почви потребна е употреба на шталско ѓубре или компост, но се препорачува и на сите останати почви ако постои можност. Одлични резултати се покажале со Italpollina органските ѓубрива и во текот на вегетацијата примена на фолијарна прихрана.

Садење Карелата се одгледува од расад. На поле се сади околу 15 мај во континенталниот дел и околу 15 април, па дури и 15 март во медитеранскиот дел на Хрватска, под услови температурата на почвата да е повисока од 10ºС. Садењето е рачно или машинско. Се сади помеѓу столбовите на мрежа, со растојание во редот од половина метар. Садењето се изведува на подигнати гредици. Во плодоред карелата се сади на иста парцела по четири години.

Нега Потребно е растенијата да се наводнуваат веднаш по пресадувањето и идните 7-10 дена. Подоцна во текот на одгледувањето треба да се продолжи со наводнувањето, но треба да се внимава да нема премногу влага, бидејќи преголемо количество вода во зоната на коренот значително го намалува приносот. Ако е потребно, плевелите може да се отстранат рачно и тоа 15-20 дена по садењето околу растенијата. Помеѓу редовите е дозволено третирање со хербициди или механичко отстранување.

Лековити својства на горчливата диња Нова студија покажала дека сокот од горчлива диња, познато овошје во Азија и Африка значително го намалува растот на канцерогеното ткиво бидејќи го нарушува метаболизмот на гликоза во клетките од ракот, со што буквално ги изгладнува неговите клетки без шеќерот кој е основното гориво без кое не можат да преживеат.

Иако растението е познато по својата лековитост, повеќето здравствени бенефити (антивирусно дејство, антиоксидант, лек против дијабетес, антикарценогено својство), дури неодамна стана актуелни во западната медицина.

Оваа билка под латински назив Momordica charantia е посебно позната во Ј

апонија, поточно во Окинава, каде жителите се познати по својата долговечност.

Во последниве четири години интензивно се истражува ефектот на ова растение врз ракот.

Ефектот се забележува кај рак на дојка, простата, дебело црево, црн дроб, желудник, леукемија и др.

Најновата студија покажала дека сокот од горчлива диња дејствува цитоксично и на карциномот на панкреасот.

Сокот предизвикува програмирана клеточна смрт на канцерогените клетки (апоптоза) и што е уште поважно активира АМРК што е знак дека го онеспособува метаболизмот внатре во канцерогената клетка која потоа станува неспособна да се исхранува што резултира со нејзина смрт.


Кај нас имате можност да нарачате кпсули од горчлива диња и природен мед за болки во желудник од горлива диња за повеќе информации кликнете на сликата.



609 views0 comments

Comments


bottom of page