top of page
Writer's pictureBioFarm & Mediflora MK

Егзема – симптоми и третман



Егзема е проблематична состојба на кожата, којашто се појавува кај голем број на луѓе, вклучувајќи ги мажите, жените и децата. Но, што всушност претставува егзема и како можете да се справите со неа?


Докторите со сигурност не знаат која е причината за појава на егзема. Кај различни луѓе причината се разликува, па поради тоа е многу тешко да се утврди дијагнозата. Зборот егзема потекнува од античка Грција и до ден денес луѓето го употребуваат овој збор за различни видови на воспаленија на кожата. Најчестата форма на егзема е атопичен дерматитис и најчесто се меша со алергиска реакција. Физичкиот изглед се разликува, според типот на егземата. Сепак, постојат неколку симптоми коишто се постојани.


Најчести симптоми

  • чешање (речиси секогаш се чувствува чешање пред да се појават осипи на кожата)

  • сува и лушпеста кожа (најчесто на рацете, вратот, лицето и нозете, кај децата и лактовите и колената се заразени)

  • црвена и воспалена кожа

  • здебелена и закоравена кожа поради чешањето

  • плускавци и водени лезии


Последното истражување покажало дека егземата се јавува како последица од различни работи. Многу е тешко да се каже што е точно причинителот за оваа состојба на кожата. Секој човек има свој сопствен фактор кој предизвикува егзема. Различните фактори вклучуваат: средината во која живеете, генетика, абнормално функционирање на имунолошкиот систем и понекогаш начинот на живеење може да ја направи кожата чувствителна.


Што треба да знаете за егземата

  • егземата не е пренослива, не можете да ја добиете од друго лице

  • најчесто е наследна, ако некој од вашето семејство имал егзема, можно е да се пренесе на наредните генерации

  • постои поврзаност помеѓу егземата, сезонските алергии и астмата

  • животната средина е главна причина за оваа појава


Децата кои живеат во средини кои имаат високо ниво на загаденост или тие што живеат на места каде што климата е поладна, се повеќе подложни на појава на егзема.


Како да ја третирате?

  • Најпрвин треба да се консултирате со стручно лице. Посетете доктор или дерматолог за да утврдите каков тип на егзема имате. Откако ќе знаете со сигурност за кој тип станува збор, тогаш треба да ги утврдите факторите кои ја предизвикуваат. Запомнете дека кај секоја личност причините се различни, па затоа не се разочарувајте ако е потешко да се откријат вашите. За да ги откриете можете да пробате преку исхраната. На тој начин ќе дознаете кои намирници го зголемуваат воспалението и ќе ги избегнувате колку повеќе можете.


Најчести причинители

  • прашина

  • одредени сапуни и детергенти

  • парфеми

  • хлор

  • волна или други материјали

  • шминка

  • чад од цигари

  • мувла, полен или загадувачи


Исто така, одредени состојби поврзани со имунолошкиот систе можат да бидат причина. На пример:

  • настинка и грип

  • бактериски инфекции

  • алергии на полен или животни

  • стрес


Работи кои треба и кои не треба да ги правите

  • одржувајте ја кожата постојано хидрирана, за да спречите сушење и чешање

  • по туширањето нанесувајте лосиони за хидрирање за да ја одржувате природната влажност на кожата

  • избегнувајте долго да се туширате и бањате и избегнувајте жешка вода

  • употребувајте благи и нежни сапуни и препарати за чистење на кожата

  • избегнувајте облека од синтетички материјали

  • одржувајте ги ноктите кратки за да избегнувате гребење на кожата

  • вежбајте и медитирајте за да го намалите стресот

  • употребувајте ракавици кога миете садови или кога правите некоја друга активност која вклучува вода

  • употребувајте ладни облиги за да го намалите чешањето

  • избегнувајте драстични разлики во температурата и избегнувајте потење

  • одржувајте ја собата ладна кога спиете


Купувајте проверени продукти против Егзема и Псоријаза само во БиоФарм. Кликни на сликата за да дознаеш повеќе...




529 views0 comments

Comments


bottom of page